Овие Услови за користење ги регулираат правилата и обврските при користење на услугите на Делта Хостинг. Со користење на нашите услуги, потврдувате дека сте ги прочитале, разбрале и целосно ги прифаќате овие услови.

1. Прифаќање на условите

Со регистрација или користење на било која услуга на Делта Хостинг, корисникот автоматски се согласува со овие Услови за користење.

2. Услуги

Делта Хостинг обезбедува веб хостинг, VPS сервери, сервери за игри, регистрација на домени и други поврзани дигитални услуги.

Сите услуги се испорачуваат според карактеристиките на избраниот пакет.

3. Корисничка сметка

Корисникот е одговорен за точноста на внесените податоци при регистрација и за безбедноста на својата сметка.

4. Забранета употреба

Строго е забрането користење на услугите на Делта Хостинг за незаконски или штетни активности.

Ова вклучува, но не е ограничено на: спам, фишинг, дистрибуција на малициозен софтвер, DDoS напади, хакерски активности, скенирање мрежи или било каква злоупотреба на системи и ресурси.

Забрането е хостирање на нелегална содржина, вклучувајќи варез (пиратски) скрипти, содржини поврзани со детска експлоатација, порнографија, незаконски материјали, навредлива или штетна содржина.

Делта Хостинг не обезбедува менаџмент на VPS, веб страници или сервери за игри. Корисникот е целосно одговорен за инсталација, конфигурација и одржување на софтверот на својот сервер, освен основна инсталација на оперативен систем на VPS.

При прекршување на овие правила, Делта Хостинг го задржува правото да ја суспендира или трајно прекине услугата без претходно известување.

5. Ресурси и користење

Во споделени хостинг средини, корисниците мора да ги користат ресурсите на фер начин без прекумерно оптоварување на серверите.

Во случај на злоупотреба, услугата може да биде ограничена или суспендирана.

6. Бекап и податоци

Корисникот е одговорен за своите податоци и се препорачува редовно правење резервни копии.

Делта Хостинг не гарантира враќање на изгубени податоци во случај на технички проблем, хардверски дефект или корисничка грешка.

7. Плаќање и рефундација

Сите услуги се плаќаат однапред.

Рефундација може да биде одобрена само за веб хостинг услуги во рок од 24 часа од активирање, освен ако не е поинаку наведено.

8. Ограничување на одговорност

Делта Хостинг не сноси одговорност за загуба на податоци, прекини на услуги, или штети предизвикани од трети страни, хардверски дефекти или надворешни фактори.

9. Суспензија на услуги

Имаме право да суспендираме или трајно прекинеме услуга доколку се прекршат овие услови или се злоупотреби системот.

10. Измени

Делта Хостинг го задржува правото да ги измени овие Услови за користење во секое време без претходно известување. Продолженото користење на услугите значи прифаќање на измените.

Здраво! Како можеме да ви помогнеме? 😊
Разговор во живо

Разговор во живо

Кликнете на иконата за чет подолу за да започнете разговор.